За вистинско уживање: Совршената маса со лулашки за во двор

29 јули 2020

Лулашките се секогаш привлечни, особено ако имате убав двор, ма да последните годни се појавија дизајни совршени и за на тераса.

Ние пак, наидовме на еден мошне интересен дизајн, кој веруваме ќе ве воодушеви и вас.

Се работи за маса, која наместо столчиња има лулашки. Па кој не би сакал така да ужива?

Лулашките и површината на масата се изработени од орево дрво, додека пак, остатокот од дизајнот е метална конструкција.

На онлајн продавницата „Etsy“ има различни варијанти, со две, четири, шест лулашки, поголеми и помали димензии, а се претставуваат како мебел кој може да биде поставен и во внатрешноста на домот, на пример наместо класична трпезариска маса.

Секоја од лулашките може да поднесе тежина до 160 килограми. Дизајнот е фантастичен за семејни собиранки или дружење со пријателите.

Во зависност од големината, има и различни цени, но секако не е евтино. Може да се најдат модели и за 4.000 долари, но и за 7.000 долари.

Ако ве бива за или знаете некој што е добар во создавањето на вакви елементи, овој изум може да биде одлична идеја и предизвик за изработка.

извор:etsy.com;

 

Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
616 пати
Тагови: 
маса лулашки двор