Зголемете ја продуктивноста со преуредување на работниот простор

25 август 2016

Доколку веќе се вративте од одмор на вашите работни места, еве една продуктивна и креативна задача за вас: преуредете и разубавете го вашето работно катче.

При тоа нека ви помогнат неколкуте фенг-шуи трикови за совршена работна атмосфера што ви ги посочуваме во продолжение.

Решете се од нередот

Едно од основните правила на фенг-шуи е да го исчистите просторот од сите непотребни и нефункционални предмети. Чистиот простор овозможува проток на позитивна енергија, па затоа неопходно е да се ослободите од сите оние сидници кои само ви го окупираат просторот и ви ја блокираат енергијата.

Позицијата на работната маса има значајна улога

Работната маса треба да има „челна" позиција во просторот односно да биде позиционирана така што ќе биде свртена кон вратата. Оваа позиција овозможува преглед на целиот простор и на сите кои влегуваат или излегуваат.

Паметно изберете го светлото и декорациите

Фенг-шуи не сугерира минимализам, туку енергетски паметно распределени детали. Својата работна маса, слободно декорирајте ја со детали што ќе ве расположат или семејни фотографии што ќе ве потсетат на пријатни моменти. Доколу во вашиот работен простор нема доволно природно светло, потрудете се да набавите тако кое што нема да ве заморува.

Земете ги во предвид материјалите

Според древната наука, оганот симболизира активност и страст, па добро е понекогаш да запалите неколку миризливи свеќи со пријатен мирис што ќе ја зголемат вашата продуктивност. Металните бои и детали привлекуваат пари, па една метална чашка за моливи на вашето биро е сосема соодветна, додека дрвото пак симболизира лојалност и ја поттикнува креативноста, па идеална опција би била дрвена маса или стол.

Објавено:
25 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
718 пати