Артфест за прв пат низ скопските кафулиња

7 јуни 2014

Во среда 11ти јуни со почеток од 20:00 часот Ве каниме да бидете дел од првиот Артфест и да ја поддржите оваа идеја, за сите заедно преку забава, музика и дружба да дадеме придонес за понатамошниот развој на овој фестивал.

Фестивалот ќе се одржува истовремено во повеќе кафе барови (Излет, Кино Карпош, Менада) со различни теми на секоја локација (сликарство, графички дизајн, фотографија, улична уметност, стрип), различен стил на музика, повеќе од 150 дела, урбани луѓе и дружење кое ќе го карактеризира овој настан како позитивен и впечатлив, со потенцијал идната година да биде уште поголем и со целодневна, попривлечна и уште поразновидна програма.

Со Вашето присуство ќе ја поддржите нашата мисија – успешно промовирање на нови, млади и талентирани артисти на еден од најприфатените начини на социјална интеракција во Скопје, а воедно и нашата визија и долгорочна цел за придонес кон поголемо етаблирање на уметноста, како во животите на новите, идни генерации, така и во духот на градскиот живот.

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Култура