Артистите за „Медена земја“ – уметност за уметност

14 јануари 2020

Никој не е рамнодушен на историскиот успех што тимот на „Медена земја" го постигна со номинациите за Оскари во две категории.

Заслужено ова е главната вест за која сите зборуваат и која вреди за целото внимание со оглед на тоа дека „Медена земја" е прв македонски филм номиниран за најпрестижните филмски награди во две категории.

Филмот и успехот што досега го оствари, беше инспирација и за македонските уметници од различни уметнички сфери на свој карактеристичен начин да им го честитаат успехот на екипата на македонскиот кандидат за Оскар.

Нашите визуелни уметници Зоран Кардула и Ѓорѓе Јовановиќ, како и креативецот Милчо Велјаноски се меѓу артистите кои со иновативни уметнички решенија упатија честитки, потег што е за голем поздрав.

Дело на Зоран Кардула

Дело на Ѓорѓе Јовановиќ

Дело на Милчо Велјаноски

Дело на Теано Кардула

Објавено:
14 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
920 пати