Атрактивната пијанистка Лола Астанова доаѓа во Македонската филхармонија!

4 октомври 2019

Светски познатата пијанистка Лола Астанова, која е позната и по нејзиното дуо со челистот Стјепан Хаусер (поранешниот член на „2 Cellos") на 9. ноември доаѓа во Македонска Филхармонија!

Новата сензација на светската музичка сцена Лола Астанова на сцената во Македонска Филхармонија ќе биде придружувана од гудачкиот камерен оркестар од 8 музичари.


Домашната публика ќе има уникатна можност за прв пат да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис...

34-годишната Лола Астанова е родена во Узбекистан, а од 2003 година живее во САД.

Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се " Don't Stop the Music" од Ријана, " We are the Champions" na Queen и "Moonlight Sonata" од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиното момче Стејап Хаусер од „2 Cellos".

Со повеќе од 100 милиони прегледи на Инстаграм минатата година, Лола стана најпопуларниот пијанист во светот.

Последните години Астанова свири со филхармониите на Јаhја Ling – музички директор и диригент на симфониски оркестар во Сан Диего, камерниот оркестар на Свети Лука во центарот за изведувачки уметности Линколн во Њујорк, Кливландскиот оркестар, а соработувала со диригенти како Eduardo Marturet , Ramon Tebar, Gerard Schwarz. Изведбата "Rhapsody in Blue" на Gershwin со Gerard Schwarz и учеството на Лола беше вклучено во посебнo телевизиско шоу "All Star Orchestra" во Њујорк, каде што заслужено доби награда "Еми" за 2016 година.

Феноменалниот концерт во Teatro del Silenzio на атрактивната пијанистка со италијанскиот тенор Андреа Бочели, во срцето на Тоскана во 2017, кој собра под отворено небо повеќе од 12,000 гледачи од целиот свет, е опишан како еден од ремек-делата на класичната музичка сцена.

Концертот на брилијантната пијанистка Лола Aстанова, која ќе гостува кај нас за прв пат, ќе биде одржан на 9 ноември во Македонска Филхармонија со почеток во 21:00 часот. Билетите за настанот може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и Розе Веро 2.

Организатор: Прагма Продукција

 

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
319 пати