Балканот се збогува со Марина Туцаковиќ

19 септември 2021

Српските медиуми вечерва ја објавија веста за заминувањето на најплодниот балкански текстописец, Марина Туцаковиќ.

Долги години таа се бореше со карцином на дојка, но последните денови ги помина во болница во Белград, каде се обидуваа да ѝ ја подобрат состојбата која беше исклучително влошена поради ковид-вирусот.

Туцаковиќ почина во 68 година од животот. Веста за медиумите ја потврди нејзиниот син Милан.

Родена е на 4 ноември 1953 година во Белград. Студирала на Економскиот факултет, а со пишување песни се занимавала уште од 19 години.

Кариерата ја започнува со соработката со групата „Зана“. Нивниот хит „Додирни ми колена“ го пишува токму таа, а потоа нивната соработка продолжува.

Оттаму, почнува да пишува текстови за бројни музичари меѓу кои Слаѓана Милошевиќ, Оливер Мандиќ, Oливер Драгојевиќ, Здравко Чолиќ, Северина, Неда Украден и многу други музичари од балканската музичка сцена, независно на кој жанр припаѓаат.

Голем дел од српските верзии на текстовите од песните на нашиот Тоше се напишани токму од Марина.

Според некои неофицијални податоци, таа е текстописец на преку 4.000 песни.

Голем број од познатите вечерва се збогуваа со неа преку социјалните мрежи:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @severina.dalmatinka

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vesna Dedić (@dedicvesna)

 

 

Објавено:
19 септември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
16.792 пати