Базар на ракотворби: Handmade in Macedonia

21 септември 2016

Во рамките на Европски денови на културно наследство – Европа во Македонија, на 24. Септември (сабота) со почеток во 12 часот ќе биде отворен еднодневниот Базар на ракотворби во Куршумли ан во Старата скопска чаршија.

Музичкиот дел од програмата ќе биде надополнет со концерт на етно музика, Chalgia Sound System, а агендата ќе продолжи по следниов редослед:

15:00 - 17:00 Археолошки музеј на Македонија
- Europa Romana: посета на изложби и предавања за римските епиграфски споменици и артефакти
20:30-21:30 Музеј на Македонија
- Еx Europa Lux: изложба на европската култура во Македонија од XIX и XX век
21:30-01:00 Куршумли Ан
- Europe Live(s): концерт на June, PMG и DJ Game Over

Организаторите најавуваат дека во случај на временски неприлики, Базарот и концертите се префрлаат во Музеј на Македонија.

Листата на сите учесници може да ја видите на следниот линк.

Објавено:
21 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
275 пати