Базар „За оние кои ги сакаш" во Јавна соба

11 февруари 2016

Базар на креативност, рачно изработени и уникатни парчиња и производи во мали серии. Дизајнерите, занаетчиите и уметниците здружени како еден настапуваат пред домашната и странска публика во Скопје.

Содржината на новиот мини саем кој ќе се одржи во центарот Јавна соба на 13. и 14. февруари под мотото „За оние кои ги сакаш" нуди уникатни парчиња за подарок - облека, накит, козметика, долна облека, помагала за домаќинство, модни детали и парчиња мебел, произведени со љубов од 35 македонски брендови.

„Не можеме со зборови да опишеме колку сме среќни што продажбата на домашни производи во земјава зема сe поголем замав. Базарите кои прераснаа во наша месечна активност се одговор на побарувачката која доаѓа директно од посетителите во дизајн центарот, каде им овозможуваме полесно да стапат во контакт со креативците од земјата и да го запознаат нивниот потенцијал. Формулата е усвоена од страна на младите дизајнери и занаетчии, гледаме прогрес во секој еден новонастанат бренд и со сигурност можеме да кажеме дека за кратко овие активности ќе се преселат и во регионот", велат од Јавна соба – центарот за дизајн и иновации.

Намалени цени на уникатни производи, работилници за деца, богата музичка програма, изложби, вкусна храна и дружење во атмосфера во која секој посетител пронаоѓа интерес. Јавна соба овој викенд ќе биде место кое не треба го заобиколите.

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
823 пати