Бездомник станал милионер откако почнал домашните градини да ги трансформира во егзотични оази

14 јули 2020

Од бездомник до милионер, ваквите животни приказни се ретки, но не и невозможни.

Животниот пресврт на сега 33-годишниот Ерик Вајт од Луизијана, раскажува една токму таква приказна.
Додека бил тинејџер, животните околности му налагале да го напушти училиштето по што еден период од неговиот тинејџерски живот живеел на улица, како бездомник.

Но, својот талент и страст ги пронашол во градежништвото. Работел во повеќе компании од градежната индустрија, на различни позиции, учејќи ги сите аспекти на занаетот, па успеал да дојде дури и до менаџерски позиции.

Откако стекнал богато искуство, решил да отвори свој бизнис кој на пазарот ќе му понуди нешто ново и иновативно: изработка на приватни плажи, налик на оази, во дворовите од семејните куќи.

Пејсажите што тој ги изработува се далеку од стандарден базен со стандардно опкружување. Напротив, тој на своите клиенти им нуди искуство и доживување како да се на егзотична плажа далеку од дома, а сепак се дома. Оваа негова иновативна идеја нашироко била прифатена и популаризирана, со што неговиот бизнис вртоглаво почнал да расте и да се развива.

Денеска е сопственик на милионската компанија „Zydeco Construction" која е базирана на неговата иновативна идеја за изградба на приватни оази во семејните дворови.

Вака изгледа рајот што го креира Ерик Вајт.

Фото: Zydeco Construction

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.917 пати