Биди извидник: Аплицкацијата „The Scout“ ги дава точните координати на најфотогеничните места во светот

27 јуни 2022

Сигурно честопати се случува да се најдете во ситуација да видите некаква прекрасна локација на Инстаграм без да е обележано каде е направена фотографијата. Секако, можете да го прашате лично оној кој ја објавил, но доколку станува збор за профил со голем број следачи, станува помалку веројатно дека ќе добиете одговор на вашето прашање во брзо време.

За среќа на сите оние кои се во постојана потрага по прекрасни локации за фотографирање, инфлуенсерката и претприемачка Ема Роуз Леџер измисли решение на овој проблем со нејзината апликација „The Scout".

Фото: buro247.hr

Оваа алатка го поедноставува процесот на наоѓање убави и уникатни места, заштедува време, работа и пари, а најдобро од сè е што можете уште веднаш бесплатно да ја инсталирате преку App Store и да ја прелистувате почетната страница за да пронајдете атрактивни локации во ваша близина, како и локации објавени од вашите омилени „Извиници".

Апликацијата нуди филтри преку кои можете да пронајдете локации во одреден град или регион, зависно од тоа колку далеку ќе обележите дека сакате да одите, како и да ви помогне да најдете други „Извидници" ширум светот.

Со „The Scout" можете да зачувате и да заклучите посакани локации, кои ги отклучувате со самата посета. А понатаму, доколку платите 1,99 долари по локација, апликацијата ќе ви понуди и совети за фотографрање на локацијата. Потоа можете да ја оцените локацијата и да коментирате за да им помогнете на идните корисници со вашите совети.

„Извидниците" исто така имаат профит од користење на платформата.Тие добиваат провизија секој пат кога корисникот ќе отклучи една од нивните локации, па така, покрај тоа што оваа апликација е корисна за оние кои бараат нови места, таа исто така служи како нов начин за луѓето да заработат од нивните креативни напори.


 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Scout App (@justscoutit)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Scout App (@justscoutit)

Објавено:
27 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати