Бијело Дугме на рандеву со својата македонска публика

23 март 2017

Генерацијата на моите родители имала вистинска привилегија да расте заедно со култни музички имиња од светската и регионалната сцена што важат за авангарда која им го трасираше патот на идните музички генерации. Лектирите и музичкото школо што тие ги оставија се безвременски, за што сведочи и милионската публика, фанови родени во една поинаква доба, далеку од времето на серенадите.

Во исто време им завидувам на оние „привилегираните“, а сум благодарна што и припаѓам на една генерација која сепак има прилика да „украде" момент од нивната генијалност и ужива во живите концертни настапи на музички легенди од времето на една поинаква младост.

На 8-ми април „Бијело Дугме" доаѓаат на рандеву со својата македонска публика. Концерт во организација на Авалон продукција, кој се најавува како историски, зашто се случува исклучително ретко, ќе спои различни генерации, родители и деца, за момент ќе не извади од рутината на секојдневието, а Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа ќе бидат придружувани од хор, гудачки оркестар, тамбураши... Ќе биде божествено!

Се присетуваме на дел од нивните најголеми хитови...

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
293 пати