„Bird Box“ ги полуде луѓето: Застрашувачки предизвици кружат низ цела Америка

4 јануари 2019

Доколку имавте малку време за празниците и сте обожавател на Нетфликс, тогаш сигурно го гледавте нивното последно остварување, филмот „Bird Box“ со Сандра Булок во главната улога.

Истиот за кратко време стана толку популарен, што дури работите излегоа од контрола. Имено, филмот раскажува една апокалиптична приказна во која се појавуваат чудни суштества кои ги обземаат луѓето и ги тераат на самоубиство.

Сандра Булок, која во филмот ја толкува улогата на Малори, бремена жена која на крајот се обидува да ги однесе нејзиното и детето на пријателката на безбедно место, постојано носи превез на очите за да не се соочи со суштествата кои многу лесно може да те натераат да направиш нешто грозоморно.

Моментот со превезот на очите беше доволна причина дел од луѓето кои го гледале да започнат со предизвик што деновиве излезе од контрола.

Имено, еден татко објави видео на Твитер во кое јасно се гледа како им ги врзува очите на неговите две мали деца и почнува панично да бега од собата во која инаку нема ништо, и во тој момент помалото детенце силно се удира од ѕидот.

Ова беше доволна причина за тимот на Нетфликс да се јави со официјално соопштение на социјалните мрежи во кое се вели задолжително да се прекинат сите „луди“ предизвици поврзани со филмот.

„Не можеме да поверуваме дека го кажуваме ова, но: Ве молиме, немојте да се повредувате себеси преку овие Bird Box предизвици. Не знаеме како сето ова почна и цениме што ви се допаѓа филмот, но за 2019 – та имаме само една желба, а тоа е да не завршите во болница како резултат на овие мемиња“, се вели во официјалното соопштение на мрежата.

Филмот стана ултра популарен за многу кратко време откако беше објавен на 21 – ви декември, а кратко потоа почнаа и предизвиците и разните „мемиња“.

The Verge

Некои луѓе дури се обидуваа да преживеат 24 часа со превез на очите правејќи разни работи и документирајќи го целиот процес.

Инфо: Meaww.com

Објавено:
4 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.014 пати