Близначки го прославија 100-от роденден

25 мај 2017

Мариа и Паулина се двете сестри од Бразил што неодамна го прославија 100-от роденден. По тој повод најблиските им организираа и забава, како и фотографка која се погрижи овој момент да се памети уште повеќе.

Нејзиното име е Камила Лима, која не го крие задоволството што можела да биде дел и да придонесе за оваа среќна приказна,

-Знаев кои се и сакав да им дадам подарок, овој прекрасен фотографски есеј. Тие се прекрасни и преслатки. Никогаш досега во мојот живот не сум запознала некој толку возрасен, а понајмалку и близначки. Тие го заслужуваат тоа и сè помина во одличен ред – објаснува фотографката.

Во продолжение ќе ги видите двете сестри облечени во здолништа од тул и маички со бројот 100, како и цветни венчиња на главата.

Нема шанси да нè ви измамат насмевка и да не ви го разубават овој малку тмурен ден.

 

 

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
560 пати