Блогерка создава фотографии во кои ќе се пронајдат вистински љубители на книгите

23 април 2021

Елизабет Саган е вљубеничка во книги. Блогот го започнува како место каде креативно ќе ја претстави таа своја љубов. Но, наидувајќи на одлични реакции и голем број истомисленици за тоа дека книгите се кул, Елизабет се труди да создаде што повпечатливи, покреативни и покомплексни фотографии во кои секако фокусот ќе биде ставен на книгите и нивната моќ.

 

И токму овие нејзини сликовити приказни се супер порака за Светскиот ден на книгата, 23 април.

По 26. пат, книжевниците, издавачите, авторите, библиотекарите и љубителите на книгата од целата платена, денеска (23 април) го одбележуваат Светскиот ден на книгата и на авторското право. Датумот 23 април има голема симболика за светската литература.

На овој датум во 1616 година починале Сервантес, Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е, исто така, датум на раѓање или смрт на други истакнати автори, како што се Морис Друон, Халдор К. Лакнес, Владимир Набоков, Јозеп Пла и Мануел Мехиа Ваљехо. Од почит кон интернационално познатите книги и автори и нивната поврзаност со овој датум, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе, да го откријат задоволството од читањето и да стекнат почит кон незаменливиот придонес на оние кои го унапредуваат социјалниот и културниот напредок на човештвото, УНЕСКО го создал Светскиот ден на книгата и авторското право. Ова бил и природен и очекуван избор на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржала во Париз во 1995 година.

Читањето книги се чини како поважно од било кога, па затоа отворете ги страниците и нурнете се во сета магија, мудрост и слобода што ја овозможуваат.

Објавено:
23 април 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
270 пати