Како што и беше претходно најавено, големиот Боб Дилан не се појави на традиционалната церемонија на доделувањето на Нобеловите награди викендов во Стокхолм, Шведска.

Тој испрати емотивно писмо кое побара да биде прочитано пред сите, а токму тоа го стори американската амбасадорка во Шведска.

„Не еднаш се прашував дали моите песни се литература... И благодарам на Академијата на Шведска што одвои време да размисли за ова прашање и да даде толку убав одговор“, беше дел од писмото на музичката легенда.

Никој не можеше да потврди каде се наоѓа и зошто воопшто пејачот не се појавил на доделувањето на Нобеловата награда.

Имено, приемот на вкупно 1.500 – те гости се одржа во Stockholm City Hall каде по свеченото доделување на наградите, имало и соодветен коктел, се служеле разни јадења и десерти по кои тие се всушност познати.

Дел од примот беше и шведското кралско семејство меѓу кои и принцот Филип и неговата сопруга војвотката Софија кои се сметаат за едни од највпечатливите двојки во земјата.

Во чест на музичката легенда Боб Дилан, големата Пети Смит испеа некои од неговите најпознати песни во кои присутните уживаа иако тој реши да не се појави.

Погледнете го видеото и фотографиите од свеченото доделување на Нобеловата награда.

 

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
414 пати