Божиќен поздрав: Нашите талентирани млади танчари разиграни на плоштад „Македонија“

4 јануари 2021

Пред нас е Божиќ, празникот што нè обединува со најблиските и ни носи надеж за посветла година.
Токму во тој празничен дух, со порака за подобра и порадосна година, поздрав ни испраќаат талентираните дечиња од танцовото студио „Eat the beat" кои специјално за празничните денови, снимаа кореографија што ја изведоа во центарот на Скопје, на плоштад „Македонија".

„И покрај сите предизвици ја завршуваме 2020та година среќни и разиграни, со желба 2021та година да ни донесе многу здравје, среќа и безброј настапи на танцовиот подиум.
Овие деца се херои, бидејќи не се откажаа кога беше најтешко и сме благодарни за сите прекрасни моменти поминати заедно. Огромна благодарност до родителите на децата за посветеноста и поддршката. Среќна нова 2021ва година. Уживајте во нашето новогодишно танц видео", вака танцовото студио „Eat the beat" ни ја честита Новата година.

Уживајте во овој ведар празничен перформанс што може да го погледнете на овој линк.

 

Објавено:
4 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
757 пати