Божиќната колекција за домот пристигна во излозите на H&M Home

28 октомври 2022

Иако Божиќ и целата празнична магија ни се чинат сѐ уште далеку, всушност токму сега е вистинско време излозите да го облечат своето празнично руво и со тоа да ја започнат еуфоријата.

Во тек се и подготовките на новогодишните базари, а светските брендови и стоковни куќи на своите полици веќе ги изложија празничните украси.

Меѓу нив и H&M Home, каде веќе се чувствува божиќната атмосфера, обоена во златни, црвени и зелени нијанси карактеристични за новогодишната палета.

Нивната празнична колекција со себе носи топлина со нагласување на традиционалното доживување на Божиќ кое гравитира околу дом, семејни вредности и чувство на сигурност.

Неизбежно како и во секоја празнична линија, колекцијата вклучува украси за елка, декоративни свеќи, перничиња навезени со празнични мотиви, подметачи, украсните садови за колачиња и уште многу ситници кои им додаваат уште малку повеќе магија на божиќните денови.

 

Објавено:
28 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
458 пати