Божури - симбол на мирот, среќата, бракот и здравјето

29 мај 2021

Има ли некој што може да одолее на убавината на божурите?

Цветаат од мај до јули и доаѓаат во неколку бои. Најчести се розовите божури, но подеднакво се убави и оние во бела, односно црвена нијанса.

Имаат префинет мирис, а во домашни услови може да ви траат и по недела дена во вазна, само треба почесто да имаат свежа вода. Купете ги додека се сè уште во пупки, но кога веќе имаат боја на нив.

Кога ќе ги ставите во вазна, ставете ги во млака вода, а потоа по час или два, преместете ги на постудено место.

Кинезите ги опишуваат и сметаат божурите како симбол на мирот, на стабилноста и на здравјето и се верува дека овој цвет носи среќа.

Друго кинеско верување е дека божурот е цвет што позитивно влијае на хармоничниот брачен живот. Белиот божур се сметаат за симбол на мислите на девојчињата, но и на нивната убавина.

Затоа е и чест украс во домовите.

Можат да се комбинираат со други видови цвеќиња, со што ќе постигнете бохо детаљ во ентериерот.

Хит се и на социјалните мрежи, а доколку сè уште не сте си купиле еден букет, веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ве инспирираат што побрзо да го направите тоа:

 

Објавено:
29 мај 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.307 пати
Тагови: 
божури