Бред Пит дебитира како скулптор на изложбата во Финска

22 септември 2022

Мегапопуларниот холивудски актер Бред Пит неделава за прв пат се претстави како ликовен уметник, дебитирајќи како скулптор на групна изложба во Финска, заедно со музичарот Ник Кејв и уметникот Томас Хаусаго.

Неговите први уметнички дела се поставени во Музејот на уметност „Сара Хилден" во Тампере, Финска, а изложбата која го носи називот „Ние" ќе биде отворена до 15 јануари.

Фото: theartnewspaper.com

Меѓу деветте дела на Пит на изложбата се бвројува и структурата во облик на куќа, обликувана во проѕирен силикон со траги од куршуми, и неговата прва скулптура, „House A Go Go" (2017): минијатурна куќа висока 46 см, направена од кора од дрво која грубо се држи зацврстена со лента.

Помеѓу неговите најголеми изложени дела се вклучуваат бронзената кутија со големина на ковчег на која се прикажани раце, стапала и лица на луѓе кои се обидуваат да се пробијат низ структурата под различни агли, и гипсенатата скулптура на ѕидот „Aiming At You I Saw Me But It Was Too Late This Time" (2020 година), на која се прикажува физичка пресметка помеѓу осум фигури.

Фото: theartnewspaper.com

Фото: theartnewspaper.com

Според одредени извори, Пит започнал да се занимава со керамичка уметност по разводот со актерката Анџелина Џоли во 2017 година, а денес е сопственик на атеље за скулптури во неговиот дом во Лос Анџелес.

На отворањето на изложбата, Пит откри дека овој уметнички пресврт за него значи „саморефлексија".

Во меѓувреме, музичарот Ник Кејв исто така го прави своето уметничко деби со делото „The Devil: A Life", кое всушност е „глазирани керамички фигурини кои го прикажуваат животот на ѓаволот во 17 чекори, од невиност преку искуство во соочување со нашата смртност".

Фото: theartnewspaper.com

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
155 пати