Чак Бери, таткото на рокенролот замина во легендите

20 март 2017

Чак Бери е еден од основачите на рокенрол музиката, затоа многумина за него ќе кажат дека е таткото на овој музички правец, извонреден гитарист и музичар. Почина завчера во својот дом во областа Сент Чарлс во американската држава Мисури, во 90-тата година од својот живот.

„Johnny B-Goode", „Roll Over Beethoven", „Sweet Little Sixteen" се само дел од неговите легендарни, светски познати хитови.

Во 1984 година ја освои престижната Греми награда за животно дело, а во 1986 година влезе во Рокенрол-куќата на славните.

Минатата година го најави својот нов албум „Chuck" што го посвети на својата сопруга Темети Бери со која беа во брак 68 години.

„Драга, остарев. Долго време работев на тој албум, сега можам да престанам", напиша тој во извештајот за овој негов последен албум.

Тоа воедно е и неговиот единствен албум во последните 38 години.

За сега нема детални информации околу тоа како настанала смртта.
Се присетуваме на неговите култни музички дела.

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
201 пати