Четири дестинации совршени за посета во септември

21 август 2018

Постојат луѓе кои не ги сакаат претерано жешките температури и долгото седење на плажа. За нив идеалниот одмор се места каде што можат да уживаат во повеќе активности, да разгледаат и запознаваат нови места.

Ако спаѓате во оваа група, ние имаме за вас четири дестинации идеални за посета во септември.

 

Алгарве, Португалија

Долги плажи, сонце и убаво вино се некои од првите асоцијации за Португалија. Алгарве е најјужниот регион на оваа земја. Во септември, максималната температура е од 26- 30 септември, што е идеално. Ова е туристичко место, па има доста знаменитости што вреди да се посетат. Плажите се прекрасни, а хотелите поволни и имате можност да бирате според вашите можности. 

 

Даблин, Ирска

Зошто да одите во Даблин во септември? Со доаѓањето на овој месец, доѓаат и поевтините цени за смештај. Времето е пријатно и сончево, па ќе биде совршено за истражувањет на природните убавини на Ирска. Исто така, за љубителите на пивото и музиката, овој град во септември нуди и бројни фестивали, па ако сè уште немате идеја како да го поминете септември, Даблин е одлична идеја.

 

Прага, Чешка

Пријатно време, листови што менуваат боја и калдрместите улици создаваат посебна атмосфера во септември во Прага. Исто така, ова е идеално време за посета на главниот град на Чешка, бидејќи метежот е многу помал и ќе можете релаксирано да го разгледате градот. За да имате искуство што ќе го паметите, посетете го театарот во Стариот град, уживајте во делата на Вивалди и другите класични композитори, а не пропуштајте ја можноста да пробате и некој традиционален специјалитет.

 

Езеро Гарда, Италија

Гарда е едно од најголемите езера во Италија. Се простира на поврѓина од 370км2. Ова е природно езерот, а неговата природна убавина, благата клима и типичната вегетација го прават примамливо за туристи од сите краишта на светот. Пријатната септемвриска температура ќе го направи престојот на езерото идеално. Се наоѓа на полпат помеѓу Венеција и Милано, односно на преминот од алпскиот регион на Доломитите кон низината Ломбардија, што посебно ги привлекува туристите. 

 

Објавено:
21 август 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
384 пати