Четири прашања што секој ден треба да му ги поставувате на вашето дете

5 септември 2019

Без разлика колку се мали вашите деца, она што прво треба да го знаете е дека секогаш треба да им зборувате, а кога веќе ќе почнат да ве разбираат, постојано да разговарате со нив без оглед на темата.

Познатата авторка и психолог Џејми Харингтон постојано говори за важноста на разговорот со вашето дете во нејзините книги, а вели дека секогаш треба да се фокусирате на четири важни прашања што мора да им ги поставите во текот на денот.

dayton_childrens_hospital

Тоа не треба да бидат прашања на кои ќе одговорат со „да“ или „не“, туку прашања на кои треба да очекувате опширен одговор и кои ќе ги поттикнат да ги опишат нивните чувства, своите и постапките на другите луѓе, а на овој начин и вие подобро ќе го запознаете вашето дете.

Ова се прашањата кои секојдневно треба да им ги поставувате на вашето дете:

1.Како го помина денот?

Најверојатно, на ова прашање ќе добиете краток одговор, но поттикнете го да раскажува за деталите, така што и вие ќе му кажете како го поминавте вашиот. По неколку дена ваква пракса, и детето ќе почне пошироко да ви раскажува што правело во текот на денот, па дури и оние најсрамежливите ќе се отворат.

kinship_partners

2.Што прават другарчињата?

Прашање кое ќе го поттикне вашето дете да разговара за неговите другарчиња, како го поминуваат денот заедно, какви игри играат, дали се сложуваат и слично. На пример, можете да го прашате за одредено детенце што го познавате и вие за тоа да ви даде конкретен одговор.

3.Што убаво ти се случи денеска?

Дури и тогаш кога ќе го земете детето од градинка или училиште и ќе сфатите дека тоа не е расположено, обидете се да го прашате што убаво му се случило дента. Така ќе го поттикнете да размислува за позитивни работи дури и кога денот не му оди од рака. Во тие моменти, можете да го изненадите со прошетка на неговото омилено место или пак да погледнете некој филм заедно или да играте друштвена игра.

cooking_light

4.Дали ти е потребна мојата помош?

Најверојатно на сите им е тешко кога понекогаш мора да побараат помош од некој, па така и доколку детето не го научите дека понекогаш е добро да побара помош, тоа нема да ви се обрати кога му е тешко. За почеток, понудете му да му помогнете во ситни работи како чистење на собата или домашна задача и не плашете се дека на тој начин ќе го разгалите. Поради ова, вашето дете ќе знае дека сте му поддршка и ќе ви се обрати за совет кога во текот на животот ќе се соочи со тешки ситуации. Ова нема да значи дека вие треба да ја решите ситуацијата и да ги завршите работите наместо нив, туку ќе значи дека секогаш сте тука за добронамерен совет.

springs_montessori_school

Инфо: Stil.kurir.rs

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.074 пати