Читачки акции во ЈСП и во ГТЦ

20 октомври 2016

Второто издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, е најавено од 24 октомври до 11 ноември.

Во пресрет на фестивалските настани, тимот на „Антолог“ направи неколку читачки акции на делата што ќе бидат промовирани на фестивалот, и тоа во автобусите на ЈСП – Скопје и во Градскиот трговски центар. Случајните минувачи што имаа можност да „присуствуваат“ на читањето беа изненадени, но ја поддржаа идејата на фестивалот да го врати во мода читањето.

Благодарност до студентите од ФДУ Елена Кузманов, Стефанија Митовска, Томислав Давидовски и Дарко Ристовски, кои помогнаа да се реализираат акциите.

Објавено:
20 октомври 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
245 пати