Црно-бел празничен декор за минималисти

20 ноември 2023

Ако барате минималистичка алтернатива на традиционалниот црвено-зелен празничен декор, ние ќе ви предложиме една интересна опција: црно-бело.

Инспирација може да најдете на различни платформи, како Пинтерест и Инстаграм каде постои ризница од идеи како со игра на црна и бела може да направите фантастичен новогодишен декор во вашиот дом.
Овој монохроматски спој може да го акцентирате со златни или сребрени детали, што ќе му дадат контраст и нота на отмена естетика.

Природните елементи, како маслинови или зимзелени гранчиња, суво овошје или шишарки, совршено би можеле да го надополнат таквиот новогодишен концепт и да го доловат целиот негов потенцијал.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
20 ноември 2023
Категорија: 
Култура