Цртаните херои од нашето детство Том и Џери слават 80 години

11 февруари 2020

Том и Џери го обележаа детството на многу генерации.

Вечното ривалство на двајцата цртани херои всушност е една епска и безвременска приказна за пријателството, есенцијална вредност на која треба да се учат децата уште од најрана возраст.

Затоа пораката што овој цртан филм ја праќа е универзална и важи за секое дете независно на која генерација му припаѓа. Некогаш децата што растеа со „Том и Џери" сега им го пуштаат цртанот на своите деца и во тоа се гледа неговата големина.

Неделава мачорот Том и глувчето Џери го слават 80-от роденден.

Со роденденски повод, издвојуваме неколку интересни факти за цртанот, за кои можеби не сте знаеле.

Том и Џери е серија кратки анимирани кино филмови создадени од Вилијам Хана и Џозеф Барбера за продуцентската куќа Метро-Голдвин-Маер (МГМ).

Хана и Барбера напишаа и изрежираа 114 цртани филмови „Том и Џери" во студиото на МГМ во Холивуд, Калифорнија во периодот меѓу 1940-1958 година, пред одделот за анимација да биде затворен.

Оригиналната серија остана запаметена по тоа што беше добитник на 7 Оскари за најдобар краток анимиран филм и го дели првото место по бројот на добиени статуетки во оваа категорија заедно со серијата цртани филмови „Смешна симфонија" на Волт Дизни.

Мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс.

Авторите го зеле предвид успехот на немите филмови со Чарли Чаплин, па знаеле дека ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери" денес ги поседува компанијата Ворнер Брос.

 

Објавено:
11 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
563 пати