„Д Фестивал“ ги кани младите креативци да бидат дел од јубилејното 10 издание

6 март 2020

 Домашниот фестивал „Д Фестивал“ годинава ќе го прослави 10 роденден. 

Сакајќи да го направат ова јубилејно издание незаборавно, организаторите упатуваат ОТВОРЕН ПОВИК до сите млади во Македонија кои сакаат да учествуваат со своја креација во дневната програма на фестивалот. Повикот е наменет за музичари, македонски брендови (накит, дизајн), уметнички исталации и перформанси.

А дневната програма ќе биде во ПлоштАрт.

„Тоа е креативниот град на Д Фестивал кој се наоѓа централно во кампот и во себе ги обединува сите поедници кои сакаат да направат позитивни промени во нашето општество. Програмата се состои од бројни работилници, дискусии, рекреација и различни иницијативи. Простор им е даден буквално на сите кои имаат желба да се промовираат. Со години создаваме заедница на млади луѓе кои креираат и го унапредуваат нашето општество“, велат од тимот на фестивалот.

 Па доколку сакате да бидете дел од оваа одлична приказна и притоа сте креативни и сметате дека можете да придонесете и да го збогатите ова 10 издание, кликнете на страната на  „Д Фестивал“, каде можете да најдете уште поконкретни информации.

За потсетување, „Д Фестивал“ годинава ќе се одржува од 3-5 јули во Дојран.

Објавено:
6 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
254 пати