„Да растеме заедно“ во сабота на Школка

27 април 2018

Оваа сабота на „Школка“ во Градскиот парк, со почеток во 11 часот ќе се случи најголемото и најблагородно дружење кај нас со цел ширење на добрина и хуманост.

Имено, по иницијатива и во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea веќе втора година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. 

Истовремено и на истата локација од страна на Аутизам МК ќе биде организиран настанот „Да растеме заедно„ со кој се заокружува месец април како месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна, но сепак слична. 

Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници: Мијата, Игор Узунов, момците од Fuzz Buble, ди џеј ќе биде Александар Матовски – Цако, танчери од Dancers United коишто се со Даунов синдром, Снежана Матовска ќе учествува со свој рецитал посветен на децата со аутизам. Околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи на девојче со аутизам.

Ќе има многу подароци за посетителите, а организаторите на овие два настани праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето. 

Објавено:
27 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
97 пати