Да се изгубиме низ SoHo – елитна шопинг дестинација во срцето на Менхетн

21 август 2019

Веројатно шопохолиците ќе се сложат, да се изгубите низ SoHo не е така лоша идеја, напротив!

Уште во 90-те години, голем дел од најпознатите светски брендови, се сместија низ улиците на SoHo. Шанел, Луј Витон, Марк Џејкобс, Александар Ванг, Прада, Версаче, Баленсијага се само дел од елитното друштво што тука создаде свој дом.

Од тогаш овој кварт на Менхетн, Њујорк, важи за една од најлуксузните шопинг дестнации во светот.
Карактеристичната архитектура која во најголем дел припаѓа на периодот од доцниот 19. век, носи дополнителен шарм на препознатливост, а најголемиот дел од брендираните продавници се сместени токму во такви простории во индустриски стил, со високи плафони и пространи прозорци.

Релацијата бизнис-уметност-мода го создава идентитетот на SoHo, па тука ќе сретнете различни профили на артисти, од улични што ги прават своите први обиди во уметноста, до високопрофилирани познати дизајнери, што му дават интензитет на неговото шаренило и урбан, луксузен животен стил.

Од неодамна и нашиот етаблиран моден бренд Елена Лука во соработка со концептуалната продавница dreems.nyc, е достапен токму во срцето на Менхетн во елитно друштво на други познати брендови, со својата најнова колекција инспирирана од Њујорк, насловена „NYC".

 

Објавено:
21 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
203 пати
Тагови: 
Менхетн SoHo шопинг