Дајте им на луѓето втора шанса, но не и трета

14 октомври 2020

Доколку рационално ги користите социјалните мрежи, може многу да научите, да се мотивирате и инспирирате.

Еден таков корисен профил на Инстаграм што е посветен на менталното здравје е @mental.aspect низ чии содржини ќе прочитате за интересни животни искуства, совети и насоки што може да ви помогнат во подобрување на вашата ментална состојба.

Во низата такви, наидовме на животни лекции што од своето лично искуство ги споделува 80-годишен старец, а кои сметаме дека може да бидат корисни за вас независно на која возраст или во која животна ситуација се наоѓате.

Меѓу другото, тој советува:

-Гледајте ги луѓето во очи.

-Чувајте ги тајните.

-Бирајте го вашиот животен партнер многу внимателно. Од таа одлука ќе зависи 90% од вашата среќа или мизерија во иднина.

-Нека ви премине во навика да правите добри нешта за луѓето, без да знаат за тоа.

-Дајте им на луѓето втора шанса, но не и трета.

-Не дозволувајте телефонoт да ги прекинува битните моменти...

-Држете се до едноставното.

-Чувајте се од личности кои нема што да изгубат.

-Никогаш не пропуштајте прилика да му кажете некому дека го сакате.

-Одговарајте на телефонските повици со енергија и ентузијазам во гласот.

-Покажи респект за сите кои чесно си заработуваат за живот, независно колку тривијално ви изгледа нивната работа.

-Биди нечиј херој.

-Омажи/ожени се само од љубов.

-Не очекувај животот да биде фер.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mental Health & Motivation (@mental.aspect) onOct 13, 2020 at 8:59am PDT:59am PDT

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
158 пати