Дали сте доволно храбри за „Barbiecore“?

12 јули 2022

Филмот „Barbie" на Грета Гервиг кој се очекува да ја има својата премиера следната година, веќе почнува да „пушта корени" во нашата потсвест и да го инспирира начинот н а кој се облекуваме и шминкаме, туку и начинот на кој го уредуваме просторот во кој живееме. Барби естетиката која на социјалните мрежи е најчесто означена како „Barbiecore" сериозно почнува да доминиа на различни полиња од нашето живеење и не го заобиколува дизајнот на ентериерот. Иако можеби повеќето не би се одлучиле на ваков храбар чекор, сепак се чини дека постои клиентела за жешко розов мебел и ѕидови.

Доколку се чувствувате подготвено да „ризикувате", но не сакате тоа да го сторите наеднаш, почнете со ситни чекори - постепено додавање розови детали. Па така уште веднаш можете да започнете со инкорпорирање на розови рамки за слики, декоративни елементи, перничиња, прекривки, вазни или свеќници, додека не се почувствувате комплетно подготвени да ги облепите ѕидовите со розови тапети или комплетно да ја претапацирате софата во најјаката розова нијанса што постои. А кога веќе длабоко ќе навлезете во овој стил и ќе ѝ дозволите на вашата фантазија слободно да го преуреди вашиот дом, ќе научите и како креативно да ја комбинирате Барби розовата боја со други бои.

Дотогаш, ова се неколку наши предлози кои можеби ќе ве инспирираат да започнете со преуредување уште веднаш.

Фото: Pinterest.

Објавено:
12 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
74 пати