Данијела Мартиновиќ со концерти во Охрид и Битола

14 јули 2021

Од „Авалон продукција“ пристигнува ново соопштение, овој пат за концерт на хрватската пејачка, Данијела Мартиновиќ.

„Големо задоволство ни е да ве информираме дека после навистина долга пауза, патиштата помеѓу Данијела Мартиновиќ и Авалон Продукција повторно се споија ова лето.

Со цел на што поразлична и поширока публика да и пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ја донесеме навистина квалитетната, интересна и секогаш возбудлива Данијела Мартиновиќ во античките театри во Охрид и во Битола на 06-ти и 07-ми август.

Данијела Мартиновиќ нема потреба на долго и широко да се претставува, нејзините хитови навистина сите ги знаат. Се разбира дека овие концерти ќе имаат одредена специфика која лежи во фактот што Данијела ќе го промовира својот последен проект со наслов „Neopisivo" во коj добро познатиот материјал го презентира на еден поразличен начин“, велат од продукцијата.

Влезниците веќе се во продажба по следниве категории и цени:

Хераклеа-Битола: 600 денари

Антички театар- Охрид:
ТРИБИНИ седење: 800 денари.
ВИП седење: 1200 денари (пред бина, само 100 влезници во продажба)

 

Објавено:
14 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
246 пати