Дејвид Атенбороу го урна Инстаграм-рекордот на Џенифер Анистон

14 октомври 2020

Дејвид Атенбороу емногу добро познато лице и глас на сите што макар еднаш гледале епизода од серијалот „Life on Earth“. Овој 94-годишен господин е и научник, писател и наратор во документарни филмови чија главна тема е природата, животот на земјата и екологијата.

Е токму сер Дејвид одлучи да отвори Инстаграм профил и за помалку од пет часа имаше повеќе од милион следбеници и го сруши рекордот на Џенифер Анистон (за пет часа 1.4 милиони). За 20-тина дена, успеа да „собере“ 5.8 милиони следбеници, а сигурни сме дека бројката ќе се зголемува. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A Life On Our Planet (@davidattenborough) onSep 25, 2020 at 3:45am PDT

Првата објава со која ѝ се обрати на публиката, беше видео со предупредување за климатските катастрофи кои веќе се случуваат, а кои можат да се очекуваат и во иднина.

„Континенти горат, мразот се топи, коралните гребени умираат. Рибите исчезнуваат од океаните, а пописот продолжува“ се вели во видеото.

Неговата цел е преку Инстаграм профилот да ги информира луѓето за климатските промени, да ги повика да дејствуваат против еколошките катастрофи. Ако судиме по прегледите на неговите досегашни објави на оваа социјална мрежа, интересот за она што го зборува е огромен, што е мала искра надеж дека се зголемува бројот на луѓе кои сакаат да живеат во пред се', поздрава животна средина.

Неодамна објави и видео во кое познати личности меѓу кои и Дејвид Бекам, Били Ајлиш, Исабела Гомез... му поставуваат прашања за животот на планетата Земја. Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A Life On Our Planet (@davidattenborough) onOct 3, 2020 at 5:00am PDT

 

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
295 пати