Денеска е Меѓународниот ден на танцот

29 април 2021

Денеска, на 29-ти април се одбележува Меѓународниот ден на танцот. Годинава, во светски рамки, пораката ја испрати германскиот танчар, Фридеман Фогел.

„Сè започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна, всушност ултимативно е сето тоа што танчерот го изразува преку битот и есенцијалното во движењета.

Како танчери, ние постојано сме во движење; ние тежнееме да ги создадеме овие незаборавни движечки моменти. Независно од танцовиот жанр, всушност тоа секој танчер копнее да го постигне – создавајќи движења. Затоа сега кога ненадејно веќе не ни е дозволено да настапуваме, денес кога театрите и фестивалите се затворени и откажани, нашите светови застанаа. Без физички контакт. Без настапи. Без публика.

Во поновата историја, поточно долги денеции се нема случено - танцовата заедница да биде пред ваков предизвик на застој, колективно предизвикана да не настапува но да остане мотивирана, за да ја пронајде и да се држи цврсто до својата raison d'être.

И вистина е, кога ќе ни одземат нешто толку многу драгоцено, нешто што навистина длабоко го цениме, прашање е колку е витално тоа што го правиме, и колку танцот му значи и му е потребен на целото глобално општество. Танчерите обично се слават поради нивната физичка посебност, а всушност многу повеќе се одржуваме поради нашата ментална сила. Верувам дека станува збор за уникатна комбинација помеѓу физичката и психолошката агилност, која ќе ни помогне да ја надминеме кризата, и повторно да се оствариме себеси, за да продолжиме да танцуваме, и да продолжиме да инспирираме“.

Македонската порака пак, доаѓа од Биљана Тануровска-Ќулавковски.

„Танцот е уметност и социјално вградена пратикакоја ги артикулира и материјализира односите помеѓу телата, помеѓу телата и предметите, помеѓу просторот и времето. Уметноста се развива во специфични материјални и идеолошки услови, кои истовремено и ја дефинираат. Истите тие услови го дефинираат и „светот на танцот",кој препознавадела и практики како танци, тела во танц или танцови тела. Свесни за различните перспективи, верувања, претпоставки, односи и идеологии за телото, кои се користат низ времето, го градиме односот кон танцот како уметност и социјална практикана соединување, демаскирање, геометризирање, искуство, поврзување...

Биљана Тануровска-Ќулавковски, фото: Ана Лазаревска

Градиме однос кон телото во танц како тело во движење, во мирување; интелигентно, неутрално, минимално, возвишено, вертикално, хоризонтално, метафизичко, канонизирано, родово, квир, импровизирано, спонтано, кореографирано, технички спремно, технички ослободено, експлицитно, невидливо...или многузначно тело во танцот.

Ова многузначно тело во танцот станува сèповидливо, поради големиот влог на многу танцови уметници и работници кои со години работат на развој на едукација, на продукција, формирање на простори, на формални и неформални компании, колективи, организации...

На денот на танцот посакувам, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот" кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.

Биљана Тануровска-Ќулавковски, фото: Ана Лазаревска

Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот" во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики; Бројни и разновидни танцови продукции; Нови простори и институции за танцова уметност; Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде...

Ни посакувам и многу повеќе, додека славиме денес, славејќи го минатото, гледајќи напред кониднината.

Посакувам и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност...

Да живее танцот!“

Билјана е културен работник – истражувачка, кураторка и продуцентка. Во 2003 година таа го ко-основа ЗГ. „Локомотива - Центар за нови иницијативи за уметност и култура", каде што работи како извршен директор и програмски уредник до денес.

Таа е коосновач на „Номад танц академија" (НДА), самоорганизирана модел/платформа на регионална соработка во полето на современиот танц. Со „Локомотива" го ко-основа „Кино Култура" – проектен простор за современи изведувачки уметности и култура (2015-2021) како и Јадро-здружение на независна културна сцена и Кооператива – регионална платформа за култура.

 

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
201 пати