Денови на дизајн и технологии - Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

27 мај 2019

Денеска во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.
Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер да и се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите кои ги изработиле во текот на студирањето.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети.

Свеченото отворање на изложбата ќе биде  почеток во 19 часот, а ќе трае до 2 јуни 2019 година.

 

 

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
161 пати