Дикаприо и Де Ниро заедно на филм

25 април 2017

Во светските медиуми се појави веста дека за следниот филм на Мартин Скорсезе ќе бидат ангажирани Леонардо Дикаприо и Роберт де Ниро.

Се работи за адаптација на книгата „Killers Of the Flower Moon: The Osage Murders and the Birth of the FBI“ од Дејвид Грен. Дејството е базирано врз вистинска приказна за неколку убиства на членови на едно индијанско племе, откако ќе се откие дека на нивната територија има нафта.

Како пренесува магазинот „Дедлајн“, инаформациите сè уште не се официјално потврдени, но дека актерите веќе сериозно се вклучени во проектот.

Останува да се стрпиме уште малку за официјалните изјави, но не е тајна дека од ова остварување се очекува многу.

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
121 пати