Дизајнерски хотели

14 јуни 2016

Поголемиот дел од модните дизајнери ја разбираат моќта на сопствената артистичка реинвентивност,особено во насока кога станува збор за редефинирање на сопствените брендови, за нивна експанзија на пазарот. Хотелите се една од новите инспирации за нив каде модните дизајнери може да ги промовираат своите брендови. Во овие дизајни може да се види нивниот вкус, чувство за естетика од мода, па сѐ до мебел.

Ова се 8-те хотели ширум светот кои ги дизајнираа топ модни дизајнери ширум светот, сѐ со цел да го направат вашето патување што е можно повеќе допадливо.

1.ХОТЕЛ БУЛГАРИ

Италијанската куќа за дизајнирање накит и останати луксузни модни додатоци, е позната по својот супериорен квалитет и одредена естетика. Овој хотел кој се наоѓа во Лондон без исклучок, во потполност одговара на нивниот дизајнерски идентитет. Отворен е 2012 година, во себе ја носи современата архитектура, проследено со луксузни ентериери како што е фитнес центар, спа третмани, кино сала, како и огромни соби во кои ќе се чувствувате како дома и ќе се восхитувате на оваа целосна префинетост.

www.bulgarihotels.com

 

2.ДИОР СЈУТ ВО РЕЏИС ХОТЕЛ, ЊУЈОРК

Со поглед кон „Централ Парк“ и „Петтата Авенија“, „Диор сјутот“ е француско бегство во срцето на Њујорк. Со преку 300 метри квадратни, колоритни комбинации претопени во бели детали и виолетови назнаки. Импресивен класичен париски шарм во кој дизајнерите на „Диор“ ги вклопиле приказните од нивното ателје со неповторливата приказна на Големото јаболко.

www.stregissuites.com

 

3.ХОТЕЛ АРМАНИ, ДУБАИ

Овој хотел со своите 5 ѕвездички го докажува исклучителниот пристап и неверојатното чувство во однос на внатрешното уредување со истанчен вкус за стил. Собите се препознатлив трејдмарк на Армани, релаксирани со суптилни колорити и мебел кој го посакувате. Концептот на „Армани“ е она што живее во овој хотел.

 www.armanihotels.com

 

4.ПАЛАТА ВЕРСАЧЕ, ГОЛД КОСТ,АВСТРАЛИЈА

Овој хотел и ресорт не е познат само по препознатливиот знак на Версаче и неговите препознатливи колорити, стилови, туку и по неверојатната уметничка колекција, артефакти. Лоциран во Квинсленд, Австралија тој е првиот брендиран моден хотел. Во спомен на Џани Версаче, хотелот комплетно ја отсликува неговата визија.

www.palazzoversace.com.au


5.БЕЛАКАСЕ ХОТЕЛ, КРИСТИЈАН ЛАКРОА , ПАРИЗ

Дизајниран од Кристијан Лакроа, овој хотел без сомнение е посветен на творештвото на овој моден дизајнер. Ѕидовите имаат тапети со ликови кои живо ја отсликуваат хотелската соба, а од друга страна ви даваат чувство на интимност,на топлина. Од друга страна само сте на чекор до убавата прошетка до Ајфеловата кула,Лувр,Нотр Дам,Сен Жермен .Овој хотел е извонредна шанса за оние кои ја претпочитаат свежината на боите и го сакаат топлиот амбиент.

www.lebellechasse.com

 

6.РОУНД ХИЛ ХОТЕЛ, РАЛФ ЛОРЕН, ЈАМАЈКА

Неверојатна препознатливост на овој моден дизајнер вклопена во целата колоритна приказна на Јамајка. Велат дека во  овој дизајн на хотелот најмногу се гледа прогресивноста на Лорен. Сите соби се опремени освен секако мебелот потпишан од Лорен, тука се сите постелнини, крпи, патосници. Незаменлив стил со минималистички приод, извонредно за тропските вибрации токму на оваа локација.

www.roundhill.com

 

7.ДАЈАНА ФОН ФУРСТЕНБЕРГ ЗА КЛЕРИЏ ХОТЕЛ, ЛОНДОН

Позната по своите принтови на материјалите, модната дизајнерка нема страв да ги употреби светлите тонови и да ги искомбинира со темните. Нејзиниот приод кон модата во потполност се гледа вметнувајќи го мноштвото текстури, принтови и светли премини. Таа ја соединува класичната традиција на хотелот со нејзиното модно влијание. Вели дека ја почитува архитектурата и формалноста на овој хотел, но во исто време целта ѝ било да го пренесе модерниот начин на живот. Светлиот контраст наспроти белиот традиционален изглед на хотелот.

www.claridges.co.uk

 

8.ШЛОСТЕЛ ГРУНВАЛД, КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД, БЕРЛИН

Хотелот кој ги има своите 5 ѕвезди со потпис на Лагерфелд, има оставено ултимативен печат во однос на ентериерот. Традиционално влијание, топли колорити, ова место е извонредно за вашиот престој во Берлин. Ремек дело на стариот добар Лагерфелд.

www.schlosshotelberlin.com

 

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
249 пати