Дизни го претставува првиот plus size протагонист во краткиот анимиран филм „Reflect“

2 ноември 2022

Американскиот мултинационален конгломерат за медиуми и забава The Walt Disney Company за прв пат претставува plus size протагонист во својот најнов анимиран краток филм „Reflect".

Фото: screenshot

Шестминутниот филм обработува исклучително важни теми како што се телесната позитивност и телесната дисморфија и е во режија на Хилари Бредфилд, која е дел од Дизни од 2017 година и која работеше на проекти како „Frozen 2" и „Encanto".

„Reflect" ја следи приказната на Бјанка, млада балерина која „се бори со сопствениот одраз, победувајќи го сомнежот и стравот да ја канализира својата внатрешна сила и моќ".

Фото: screenshot

Фото: screenshot

Целта на Бредфилд е да направи гледачите да имаат попозитивен став кон своето тело и да се чувствуваат поудобно во него откако ќе го погледнат краткиот филм.

„Понекогаш мора да појдете на темно место за да стигнете до подобро место. А тоа само го прави доброто место многу поубаво", изјави таа во интервјуто пред објавувањето на филмот.

Иако во филмовите на Дизни досега биле присутни plus size карактери, сепак во најголем дел тоа биле или негативци или споредни ликови. Ова е првпат главниот лик да биде во таа катеорија, што предизвика лавина позитивни реакции на интернет.

Анимираниот филм кој беше најавен уште во септември годинава е дел од серијалот експериментални филмови на Disney Short Circuit, а од минатиот месец е достапен на стриминг сервисот Disney+.

Во прилог погледнете го официјалниот трејлер за „Reflect".

Објавено:
2 ноември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
158 пати