„Дизни“ има нов анимиран мјузикл „Енканто“ - погледнете го трејлерот

12 јули 2021

Ако сте љубители на анимирани мјузикли, тогаш сигурни сме дека ова ново изненадување од „Дизни“ ќе ве привлече.

„Енканто магичен свет“ е анимирана приказна за необичното семејство Мадригал, кое живее сокриено во магична луќа во планините во Колумбија, во прекрасното и магично место наречено Енканто. Секое дете во семејството има уникатна дарба - од супер сила до моќ на исцелување. Секое дете освен едно - Мирабел.

Марибел е симпатична, смешна и по малку несмасна 15 годишна девојка која носи очила и не се одвојува од својата хармоника. Единствено таа во семејството нема секојдневие под превезот на магијата.

Но, кога ќе открие дека магијата која го опркужува Ентанто е во опасност, Марибел сфаќа дека единствено таа „нормална“ Мадригал би можела да го спаси своето семејство.

За музиката, која ја слави различноста на Колумбија, е заслужен Лин Мануел Мииранда, а ја изведува Карлос Вивес, кој седумнаесет пати бил номиниран за латино „Греми“.

Зад режијата се потпишуваат Џаред Буш (Моана), Бајрон Хауард и ко-режисерката Карис Кастро Смит. 

Се очекува „Ентанто - магичен свет“ да стаса во кината на есен.

Дотогаш, погледнете го трејлерот:

 

Објавено:
12 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
192 пати