До 31 јануари 2020: Зимски фестивал на книгата на „Издавачки центар ТРИ“

25 декември 2019

Во книжарниците на Издавачкиот центар ТРИ започна уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата, настан што ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти на изданијата на ТРИ и Паблишер, како и на дел од ексклузивните изданија од понудата на книжарниците.

Зимскиот фестивал е веќе препознатлив настан кој со години ја популаризира книгата во пресрет на празниците и сезоната на подарување. Убедени дека годината треба да заврши, а новата да почне во знакот на книгите, дека за празниците треба најмногу од сѐ да се подаруваат книги, а слободните денови да се поминуваат во читање и споделување омилени мисли, ТРИ во своите книжарници обезбеди широка фестивалска понуда од над 1 000 изданија со специјален фестивалски попуст од 20 до 70 %, како и оригинално украсување на книгите збогатено со картички со празнични пораки.

Освен богатата книжевна понуда, Фестивалот ќе го одбележат и промоции на многу нови атрактивни изданија – меѓу кои новиот роман на Винка Саздова, Вилино, крајот на серијалот Милениум, Девојката што сакаше да умре, и две нови верзии на Планум. Предвидени се и средби со автори, книжевни разговори и наградни игри, како и дополнителни поволности за членовите на Клубот на читатели на ТРИ. Многу причини книгата да биде наш прв избор во текот на празниците!

Ви препорачуваме да ги посетите нивните книжарници – Градски трговски центар, ТЦ Зебра и Дебар Маало, и да ја почнете сезоната на читање и подарување со понудата на Зимскиот фестивал на книгата.

Објавено:
25 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
292 пати