Доаѓа „Врисок 5“ со Кортни Кокс и Нев Кембел

13 октомври 2021

Култниот хорор серијал „Врисок“ добива и петто продолжение. Но, она што многу го привлече вниманието на јавноста е што овој дел повторно ќе ги гледаме Нев Кембел во улога на Сидни Прескот, Кортни Кокс во улога на Гејл Ведерс и Дејвид Аркет.

Инаку, од првиот дел се поминати 25 години, а во новата приказна ќе гледаме и некои нови лица. 

Тинејџерите на мета на новиот сериски убиец облечен во препознатливиот костим ќе ги толкуваат Мелиса Берера, Кајли Галнер, Џек Квејд, Марли Шелтон, Џена Ортега, Џасмин Савој Браун, Мејсон Гудинг и Мајкл Медисон.

Во трејлерот гледаме дека почнува со телефонски повик со непознат број. Кога девојката, која патем е сама во домот, ќе се јави на телефонот, гласот од другата страна на линијата ќе ја праша: „Сакаш ли да ја започнеме играта“, а потоа следат морничавите сцени, кои очекувано се тука.

Вес Крејвен, режисерот на првите четири дела, почина во 2015 година, па во петтиот дел режисеркиот потпис е на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет.

Премиерата е закажана за 14 јануари 2020 година.

 

Објавено:
13 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
116 пати