Добредојдовте во новото седиште на Фејсбук

31 мај 2015

novo-sediste-facebook-14

Сакајќи да покажат колку се успешни, IT компаниите во Силиконската долина градат импресивни деловни комлекси. Последен во низата е „Фејсбук“, кој неодамна се пресели на нова адреса – Менло парк кампусот во гратчето Пало Алто, во Калифорнија.

Претставништвото на „Фејсбук“ го дизајнирал познатиот канадски архитект Френк Гери. Според зборовите на основачот и директорот на компанијата Марк Цукерберг, самата зграда е „прилично едноставна и не е фенси“.

Комплексот, познат како „МПК 20“ (код за Менло парк, објект 20), во суштина е голема отворена просторија која ја одржува деловната филозофија на овој IT гигант.

novo-sediste-facebook-01

„Нашата цел беше да креираме совршен простор за тимска работа“, објаснил Марк. „За тоа да го направиме ја осмисливме најголемата отворена канцеларија во светот – една единствена соба која одговара на потребите на 2.800 вработени.  Истотака тука се и помалите простории за оние на кои им е потребна приватност во работата. Било да работат во поголеми или во помали групи, вработените можат лесно да се движат низ канцеларијата и да соработуваат меѓусебно“.

За да создаде идеален простор за работа, Гери уфрлил модерен мебел и уметнички дела, скали кои потсетуваат на оние од неговите претходни градби, парк на кровот на зградата и сала за состаноци налик детска игротека. Уметничките дела специјално за Фејсбук ги креирале локалните уметници. На кровот на зградата се наоѓа парк со површина од 3,5 хектари со повеќе од 400 стебла, стаза за шетање и разгледување на околината, како и кафуле.

Целиот комлекс е изграден за три години и претставува релативно едноставна конструкција направена од метал, бетон и стакло.  Гери, чии најпознати проекти се дворецот на „Волт Дизни“ во Лос Анџелес и „Гугенхајм“ музејот во Билбао, ја опишал новата зграда на „Фејсбук“ како извонредно работно окружување.

novo-sediste-facebook-15

„Марк од почетокот сакаше скромен деловен простор. Не сакаше да биде модерно дизајниран, туку доволно флексибилен за да може во секој момент да се трансформира на потребите на вработените“, изјавил Гери.

Интересно е што„ Фејсбук “не сакал да објави официјални фотографии за да се проследат на новинарите. Цукербер на својот профил објавил само една фотографија и ги повикал корисниците на „Инстаграм“ да објават свои фотографии од новото седиште на компанијата.

Фејсбук не е единствен кој го унапредил своето седиште. Во блиско соседство во Купертин, „Епл“ моментално гради кампус налик вселенски брод, вреден 5 милијарди долари. Ново претставништво во Силиконската година наскоро ќе има и „Гугл“. „Гуглплекс“ го сочинуваат 9 четворокатници налик бумеранг, чии делови можат да се мрдаат во склад потребите на комапнијата. Истотака, во центаро на Сиетел во тек е изградба на нов деловен центар на „Амазон“, кој опфаќа три футуристички биокуполи, облакодер, како и низа други објекти на гиганти за онлајн трговија.

novo-sediste-facebook-02

novo-sediste-facebook-03

novo-sediste-facebook-04

novo-sediste-facebook-05

novo-sediste-facebook-06

novo-sediste-facebook-07

novo-sediste-facebook-08

novo-sediste-facebook-09

novo-sediste-facebook-10

novo-sediste-facebook-11

novo-sediste-facebook-12

novo-sediste-facebook-13

novo-sediste-facebook-16

novo-sediste-facebook-17

novo-sediste-facebook-18

novo-sediste-facebook-19

novo-sediste-facebook-20

novo-sediste-facebook-21

novo-sediste-facebook-22

novo-sediste-facebook-23

Објавено:
31 мај 2015
Категорија: 
Култура