Документарниот филм на „Би-би-си“ за Монако ги шокираше граѓаните

10 јуни 2020

„Би-би-си 2“ вчера претстави нов документарен серијал за Монако, насловен како „Monaco: Playground of the rich“ каде принцот Алберт ги откри строгите правила обвиткани во луксуз, со што стана јасно зошто оваа мала држава е една од најбогатите.

Во документарецот се откри дека посетителите и жителите се подотвени за едно колаче да одвојат и до 30.000 евра, 28.000 за шампањ...

Од друга страна, граѓаните родени во Монако, се потпираат на финансиска помош за плаќање на кирија. За еднособни станови, се намалува износот од преку 3.000 евра месечно, на околу 700 евра, така што родените таму можат да си приуштат и да живеат.

Оние пак, што не се родени во Монако, но сакаат да живеат таму, мора да исполнат одредени услови. На пример, не смеат да имаат кривична пријава, а на нивната банковна сметка во секое време треба да имаат половина милион евра.

Сцените на раскошно богатство го оставија поголемиот дел од гледачите (не)имресионирани, и покрај тоа што веќе беше познато каков начин на живот се води во Монако. Некои го нарекоа “гротеска“, а после прикажувањето се јави и твитер заедницата.

„Не знам за вас, ама мене ми беше непријатно за гледање“, „Дали и некој друг го сметаше овој еден час за многу непријатен“, „Што сè може да се направи за светот“, Најлош „вишок“ на човештвото“, „Апсурдно, невкусно“, „Претенциозно и без вкус“, се само дел од коментарите.

Погледнете дел од инсертите:

 

 

 

Објавено:
10 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
507 пати
Тагови: 
Монако Би-Би-Си