Доналд Трамп и Чедвик Боузмен меѓу најпопуларните на Твитер годинава

10 декември 2020

И Твитер направи рекапитулација на 2020 година, правејќи статистика за тоа што било најактуелно на оваа мрежа и резултатите се следни:

Очекувано, најпопуларната ознака во 2020 беше #COVID19, за ништо повеќе не се размислуваше и зборуваше отколку за вирусот односно пандемијата. Веднаш зад оваа ознака е онаа #BlackLivesMatter, посебно популарна од крајот на мај кога и започнаа немирите во САД поради смртта на Џорџ Флојд.

На третото место е #StayHome, порака која се споделуваше најчесто за да се апелира на граѓаните да останат дома за да го намалат ризикот од вирусот.

Кога се личностите во прашање, Доналд Трамп тука го освојува првото место. Тој е личноста за која најмногу се твитало годинава, а веднаш зад него е и Џо Бајден, неговиот противкандидат на претседателските избори. Трет на листата е споменатиот Џорџ Флојд, Афроамериканец чиј живот го зема американски полицаец. На четвртото место е Коби Брајант, легендарниот спортист кој кон почетокот на годинава го изгуби животот како последица на пад на неговиот хелихоптер. 

На листата на Емоџи, најмногу се користел оној кој прикажува солзи радосници, а на второ место е оној кој плаче. На трето место е таканаречениот pleading eyes емоџи.

Објавата за смртта на Чедвик Боузман на неговиот профил е најмногу пати споделена на Твитер годинава, дури 3.1 милион пати.

На второ место е објавата од профилот на корејската поп група BTS, 1.6 пати споделена на Твитер, додека пак третото место е за корисникот Џејми (gnuman1979) кој сподели видео во кое тој сподели како се забавува во својот дом на шестиот ден од карантинот во САД.

 А еве уште неколку табели:

 

извор:blog.twiter;

Објавено:
10 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
440 пати
Тагови: 
Твитер култура