Довил - омилената дестинација на Коко Шанел

2 јуни 2018

Довил е место на југот на Франција, познато по својата егзотика, но и по Коко Шанел. Ова е едно од најомилените места на дизајнерката.

Коко го сакала бидејќи сè што ја опкружувало таму, било инспирација. Посебно ѝ се допаѓал изгледот на морнарите и морнарските риги.

За таа инспирација веќе сме пишувале, а ве потсетуваме на линкот ТУКА.

Жените пак, носеле фустани со корсети и тешки здолништа, но тоа бил стилот во 1910 односно 1920-тите. 

Токму затоа и пристапот на Коко Шанел ќе биде вистинска револуција во модата. 

Посебно било популарно во 20-тиот век, како епицентар на модата, трендовите и високото друштво. Довил е срцето на Нормандија. И денес важи за елитистичко место. Често таму можат да се видат познати личности, милијардери, кои уживаат во спокојот што го нуди ова место.

Освен луксузни хотели со пет ѕвезди и вили, Довил е познат и по хиподромот. Инаку, во близина на хиподромот можат да се најдат и поскромни хотели, каде цената на двокреветна соба изнесува од 100 евра па нагоре.

Некогашниот моден центар, како што го нарекувале, изобилува и со бутици на познати брендови меѓу кои „Ралф Лорен“, „Ермес“, „Луј Витон“ и други.

Погледнете дел од убавините на ова место:

 

 фото извор: thenational.ae; harpersbazaar.com; cachemireetsoie.fr;

Објавено:
2 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
142 пати