Дозираната мистерија во илустрациите на младата Гаја Смилевска

26 јули 2022

Уметноста е неоткинлив дел од животот и развојот на Гаја Смилевска уште од нејзината најмлада возраст. Оваа 21 годишна уметница која во моментов креира фантастични дигитални дела, во најголем дел инспирирани од источноазиската историја и традиција, всушност студира психологија на Падовскиот Универзитет во Италија.

Неодамна таа го заврши своето надоградување во полето на фотографијата и илустрацијата на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите" (сега преименувана во Skala School), а денес гради неверојатно портфолио цртајќи стрипови, дизајнирајќи ликови и илустрации.

Фасцинирани од нејзините уникатни и дигитални дела каде доминираат темни тонови и доза мистерија, денес се одлучуваме да споделиме дел од уметноста што ја создава младата Гаја.

 

Објавено:
26 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
512 пати