Друштвени игри од 90-те: Ако сме заборавиле да бидеме тимски играчи, време е да се потсетиме

12 март 2020

Ако сме заборавиле како е да се биде тимски играч, време е да се потсетиме.

Друштвените игри од 90-те години, кога сè уште не бевме „онлајн", се добра прилика како да се социјализираме кога можностите за социјализација се редуцирани и ограничени, се разбира во име на општото добро и колективното здравје, земајќи ги во предвид насоките на здравствените власти.

Препораките на светските, како и домашните здравствени институции посочуваат да останеме дома, во што потесен круг на луѓе со цел да не го загрозуваме сопственото и колективното здравје.

Па, во таква ситуација, ајде да најдеме начин како најрационално и корисно да го пополниме времето.
Драгоцено е времето со семејството, само по себе. Затоа уживајте го максимално заедничкото друштво. Добар филм, серија, едукативна емисија или документарец се секогаш фина солуција за квалитетно поминато време во домашен амбиент. Секако и добра книга!

Но, ако сакате истовремено и да се едуцирате и да се дружите и забавувате, тогаш, извадете ги „од подрум" или од гаража, омилените друштвени игри кои беа особено популарни во 90-те години.

Не лути се човече, монопол, сложувалки, шах, табла, џенга, домино, оксан, колорама... Изборот е голем!

Кој од вашиот тим е најдобар?

Објавено:
12 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
393 пати