„Дупер“ станаа ексклузивци на „Авалон“

27 декември 2018

„Авалон продукција“ денеска ја сподели информацијата со јавноста дека младата група „Дупер“ ќе биде под нивна закрила.

„Дупер потпишаа двегодишен договор за соработка, во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот кој моментално е актуелен со супер хитовите "Не сум твој тип" и "Тело за тв"“ се вели во соопштението.

Од продукцијата најавија дека следуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти.

За потсетување, „Дупер“ се појави пролетва со песната „Не сум твој тип“ и на групата и' успеа со првата песна да ја освои публиката, што го потврди и гледаноста на спотот на „Јутјуб“, кој денес има речиси милион и половина прегледи.

Ние исто така имавме шанса да се запознаеме со членовите на групата, а на интервјуто ве потсетуваме ТУКА.

 

Објавено:
27 декември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
434 пати
Тагови: 
ДУПЕР Авалон