Џастин Трудо е 23-от премиер на Канада и е вториот најмлад премиер кој некогаш ги добил изборите. Трудо е либерал, обожуван во својата земја, за него се дознава на глобално ниво истиот момент кога се појавуваат неговите фотографии. Можете да претпоставите, жените се главни виновници за неговата популарност.
Но, не само поради тоа како изгледа туку и по својата политичка платформа која носи со себе модерни ставови, но и влада составена од 15 министри жени и 15 министри мажи. Три членови на неговиот кабинет го сочинуваат и еден кој е во инвалидска количка, вториот е слеп, третиот хомосексуалец.
Познат феминиста, така милуваат да го наречат и оние кои му се противници и оние кои се со него.
„Ниту една влада нема право да одреди со закон што жената ќе прави со своето тело. Мене ми е совршено јасно дека мојата Либерална партија е одлучна во ставот да ги заштитува правата на жените и тоа не треба да биде ништо револуционерно“.
„Сакам да ја заштитам зелената средина ја поставувам како мој приоритет, моите ставови се јасни, јас сум против исламофобија, ќе го зголемам данокот за богатите и сакам да ја легализирам марихуаната. Но, не можете да имате прогресивен мандат без жени. Да, јас сум феминиста и горд сум на тоа и ќе се борам за родова еднаквост“, вели тој.
Вети дека ќе спроведе истрага за стравичните убиства на абориџинските жени и нема да ја игнорира таа заедница во иднина.
Она што е несомнено наследено кај него од страна на неговиот татко е талентот за политика, имено татко му Пјер Трудо бил 15-от премиер на Канада и токму после говорот на погребот на татко му Џастин Трудо станува интересен за јавноста. Некои го омаловажуваат како само еден од низата убавци покажувајќи ги своите мускули во еден селебрити бокс меч на кој и победува и да, има играно во канадска мини серија. Овој поранешен наставник по литература, француски јазик има многу други квалитетити кои народот ги препознава.
Инаку Трудо има дизајнирано колекција на бели кошули со упатство да се носат со подвиткани ракави како метафора и порака: Модерен маж кој ја носи жената на раце, симбол на ефективност во работата и етичност.
Во процесот на создавање на колекцијата му помага неговата сопруга Софија Трудо со која заедно имаат три деца. Приходот од продадени кошули оди во Зоолошката градина во Торонто, а посебно за двете панди кој тој ги посетува често.
Џастин Трудо симбол на модерното време и оправдано миленик на женската популација.
Бејбимама