Џејми Фокс физички се трансформира: За улогата на Мајк Тајсон ќе се здебели над сто килограми

22 јуни 2020

Официјално е потврдена информацијата дека оскаровецот Џејми Фокс ќе го толкува Мајк Тајсон во новиот биографски филм.

Иако оваа екранизација на животот и делото на еден од најдобрите боксери на сите времиња, се најавуваше уште во 2014-та година, деновиве конечно се официјализираше.

Информацијата ја потврди и Џејми Фокс, кој на својот Инстаграм профил потенцираше дека започнува со подготовките за улогата што меѓу другото подразбира и драстична физичка трансформација, односно актерот има за цел да ја зголеми својата телесна тежина на 104 килограми.

Фото: Shutterstock

„Пред неколку месеци ја започнавме авантурата. Првата и најголема задача е да го трансформирам моето тело", напиша холивудскиот актер.

Инаку Фокс во 2005 година доби Оскар за најдобра машка улога токму за биографски филм, односно за портретирањето на Реј Џарлс во „Реј".

Објавено:
22 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
948 пати