Џими Фелон ќе биде домаќин на следните „Златни глобуси“

5 август 2016

Познатиот шоумен и тв водител на популарната емисија „Вечерно шоу" на Ен-би-си, Џими Фелон ќе биде домаќин на престижната манифестација „Златни глобуси" 2017.

Џими Фелон го наследи Рики Гервајс кој до сега четири пати ги водеше наградите со кои се отвора сезоната на филмските признанија во Холивуд.

Доделувањето на Златните глобуси за кои одлучува здружението на странски новинари во Холивуд, ќе се одржи на 8-ми јануари во Лос Анџелес.

Објавено:
5 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
91 пати